Соларната сонда Паркер на НАСА се наоѓа најблиску до Сонцето од кој било вселенски брод досега. Паркер го надмина рекордот од 43 милиони километри до Сонцето, поставен во 1976 година од сондата Хелиос 2. Паркер ќе продолжи да му се приближува на Сонцето се додека во следната недела за првпат не помине низ короната, надворешната Сончева атмосфера, 24 милиони километри од површината на нашата ѕвезда.

Паркер ќе се приближува до Сонцето 24 пати во текот на следните седум години, а најмалото растојание ќе биде само шест милиони километри. Сондата ќе постави уште еден рекорд, надминувајќи ја брзината на Хелиос 2 од 247.000 километри на час.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO