Офанзивниот халф на Тотенхем Деле Али потпиша нов договор со клубот, кој ќе го задржи при „мамузите“ до летото 2024-та година. 22-годишниот англиски репрезентативец премина во Тотенхем во 2015-та година и брзо се разви во еден од главните фудбалери на лондончаните, а веќе има на неговата сметка 153 натпревари и 48 гола. Финансиските детали околу договорот не се објавуваат официјално, но според медиумите во Англија Али ќе добива по 90 илјади фунти неделно.

Во оваа сезона халфот има проблеми со повредите, заради што одиграл шест натпревари за тимот, а вчера се врати во игра, влегувајќи како резерва при поразот од Манчестер Сити со 0: 1 на „Вембли“. Со новиот договор на Деле, раководството на Тотенхем врза долгорочно уште еден од главните фудбалери, откако порано нови договори потпишаа Хари Кејн, Хјун Мин Сон, Хари Винкс и Кијран Трипиар.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO