Раководството на Реал Мадрид ќе разговара за евентуалната тренерска рокада во тимот на собранието оваа вечер, соопшти микроблогот на мадридскиот весник AS на Твитер.

Речиси е сигурно дека ќе биде потврдена одлуката за разделба со Хулен Лопегеги и негова замена со Антонио Конте.

Средбата на шефовите на кралскиот клуб ќе започне во 20 часот по локално време.

Според информациите, поранешниот тренер на Јувентус, Челзи и Италија Антонио Конте веќе дал согласност да го предводи гигантот од Мадрид.

Во неделата, Реал беше поразен од вечниот конкурент на Барселона со 5-1 на Камп Ноу. Тимот загуби пет од последните седум натпревари и по 10 круга на шампионатот е деветти на табелата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO