Грчкиот остров Закинтос се поместил за најмалку 3 сантиметри кон југозапад по силниот земјотрес од 6,4 степени во петокот. Тоа е заклучено врз основа на дигитална обработка и анализи на снимки од сателитот на ЕУ и ЕСА Сентинел-1 на сервисот Коперникус, изјави за грчката агенција АНА, директорот на секторот за истражување на Институтот за геодинамика во Атинската национална опсерваторија, Атанасиос Ганас. Поместувањето е претежно воочено на хоризонтално ниво додека вертикално поместување не е регистрирано. Ганас додаде дека научниците моментно анализираат дали земјотресот предизвикал поместувања и во околни области.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO