Кралска свадба во Јапонија. Принцеза од императорскиот двор во Токио ќе склучи брак, соопштува Си Ен Ен.

Принцезата Ајако, 27-годишната ќерка на покојниот принц Такамодо, братучед на императорот Акихито, ќе се омажи утре со обичен граѓанин. Нејзиниот избраник е Кеј Морија, 32-годишен службеник во бродската компанија ʺНипон Јусенʺ. Ајако го запознала својот иден сопруг Морија пред една година. Ги сретнува нејзината мајка – принцезата Такамодо.

Според јапонскиот царски закон, жените немаат право да претендираат за тронот. Кога склучуваат брак за обични граѓани, тие исто така го губат својот кралски статус – закон што не важи за мажите. Откако ќе го изговори заветното „Да“ на нејзиниот избраник, Ајако ќе треба да го напушти императорското семејство. Според законот, таа ќе добие речиси еден милион долари од владата за да ги покрие своите трошоци.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO