Светскиот број 10 Григор Димитров наскоро може да има нов тренер. Балканските изданија тврдат дека бугаринот најверојатно ќе се раздели со неговиот сегашен ментор Дани Валверду. Гласините го поврзуваат 27-годишниот тенисер со поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Андре Агаси.

Григор е виден на тренинзи во Париз со осумкратниот шампион на турнири од Гренд Слем, што предизвика бран коментари во медиумите. Сè уште нема потврдени информации дека тие работат заедно, но Американецот веќе изјави дека е импресиониран од бугарскиот тенисер.

Димитров минатата недела отпадна на тенискиот турнир во Виена во првиот круг до тенисерот од Казахстан Михаил Кукушкин и сега ќе учествува на последниот турнир од сериите Мастерс 1000 во француската престолнина.

Бугарскиот е рангиран под број 9 во главната шема на натпреварувањто и започнува од вториот круг каде што го чека победникот од натпреварот помеѓу Роберто Баутиста-Агут и Стив Џонсон. Потенцијалните ривали во третиот круг и четвртфиналето се Марин Чилиќ и Новак Ѓоковиќ.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO