Tоа e платено со потта, а честопати и со крвта на неговите предци.

Наследството е нешто што предците го оставиле како завет. Тоа се добива, а не се купува. Се разбира, секој има право да се откаже од своето наследство. Но, да претендираш за туѓо наследство е кривично дело! За такво дело се наложува казна, дури ако имаш искрено погрешна претстава за своето потекло!

Веќе три децении, развојот на Република Македонија е блокиран, затоа што претендира за туѓо наследство. И сега таа е принудена да сноси одредена казна!

За време на дебатата за уставните промени во Собранието, се разигрува надреалистичка дебата:

Невена Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека пратениците од СДСМ „раскажуваат приказни за децаʺ.

Барањето да се гласа за промена на името е барање со кое сами ќе си ја одредиме казната. За првпат се случил договор во кој едната страна е незнајна“. Со Договорот, историските симболи ќе можеме да се ги користиме само ако Грција го дозволи тоа“.

И одговори Соња Мираковска

– Претходната власт потроши 11 години во комоција, а луѓето во тие години си го менуваа идентитетот со купување бугарски пасоши, но никој не се праша зошто се случува тоа. Со Договорот со Грција потврден е идентитетот.“

Договорот од Преспа е навистина без преседан во светската историја. И Македонија навистина е принудена да плати одредена цена – додавајќи географска додавка на нејзиното име. Сето ова се разбира можеше да се избегне ако веднаш по прогласувањето на независноста, Македонија беше осознала дека грчките симболи се ТУЃИ и можат да се користат само со дозвола на грчката страна, а бугарските симболи се СВОИ, но можат да се користат само ако не се прави обид да бидат претставени како небугарски!

Ако современиот македонски идентитет се заснова врз тврдењето дека дел од античката грчка историја припаѓа на Република Македонија, а дел од средновековната и модерната бугарска историја всушност не била бугарска … тогаш таков идентитет нема шанси никогаш да биде меѓународно признат. А и внатрешниот консензус околу него нема да трае вечно!

Пред една деценија промената на името можеше да се избегне со историска катарза. Ако тоа не се случи, и по менувањето на името, проблемите на Македонија ќе продолжат.

Секој Македонец има право на бугарско државјанство. Ова право е платено со потта, а често и крвта на неговите предци. Во 19 век предците на денешните Македонци всушност ја започнуваат бугарската Преродба и се во првите редови во борбата за основање на Бугарската егзархија. Тогаш бугарскиот народ не располагал со никаква институција и Егзархијата е неговата културно – просветна автономија, за коjа што тоj се изборил со многу напор. За неа браќата Миладиновци загинуваат во цариградската зандана. Кога е одржан референдумот за Егзархијата, православните на територијата на денешната Република Македонија со огромно мнозинство гласаат да се присоединат кон неа! Тие не гледаат во тоа нова црква, или друга религиозна доктрина, а национална институција! Така што тие станаа коосновачи на современата бугарска нација! Македонци земат учество во бугарското револуционерно движење и во создавањето на современата бугарска држава. Македонската земја и дава на модерната бугарска држава и нација писатели и генерали, научници и уметници, министри и премиери…

Никој современ Македонец не е должен да се идентификува со нив, но и никој не може да му го одземе правото на тоа! Бугарското државјанство е право на секој Македонец и тоа ниту се купува, ниту го менува идентитетот, освен ако идентитетот не е една доктрина која вели на белото црно и бара да вееш знаме со ѕвездата од Виргина, да викаш „Аце е наш“, да „докажуваш“ дека“Бугарските народни песни“на Миладиновци не биле бугарски …

Што допрва треба да се случи, за да разберат пратениците, дека тоа е пак кон никаде?!

Се разбира, денешната бугарска администрација не е составена од преродбеници посветени на народното дело. Многумина од нив се бавни, многумина од нив се поткупливи. Придвижувањето на документите за државјанство понекогаш е бавен процес и понекогаш за неговото побрзо придвижувањесе прибегнувакон „материјално стимулирање“. За срам се создаде и т.н. „Пасошка мафија“, која се храни од правото на Македонците! Не ретко, нејзините шефови ги плукаат Бугарија и македонските Бугари! Но, сето тоа е искривување на процесот, а не нејзината суштина.

Бугарската држава, и покрај меѓународниот притисок, не може да откажува државјанство на потомците на македонските Бугари, бидејќи тие платиле прескапа цена. Таа може само да се надева дека покрај неизбежното ѓубре, од новите државјани ќе излезе некој Димитар Талев, некој Симеон Радев, некој Андреј Љапчев …

–––––––––––––––

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO