Поплави, загрозени земјоделски ресурси и болести кои ги предизвикуваат комарците се само некои од последиците на глобалното затоплување во регионот на Медитеранот, каде што температурите веќе пораснале многу повеќе отколку на други места. Ова е оценката на меѓународен тим научници во чие истражување се предвидуваат и судири меѓу земјоделците и индустријалците. Во извештајот се додава дека со топењето на глечерите ќе се зголеми нивото на морето поради што голема популација во крајбрежните области ќе биде погодена од големи поплави.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO