Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека неговата одлука да се повлече од нуклеарниот договор со Русија, не била предизвикана само од наводните прекршувања на Москва, туку и од потребата да се одговори на кинескиот нуклеарен напор. Трамп доцна синоќа рече дека тоа е „закана за кого сакатe, вклучително Кина, Русија, и вклучително секој кој сака да ја игра оваа игра.“

Додека Кина никогаш не беше дел од договорот од 1987 година за нуклеарните сили со среден дострел, Трамп додава дека Кина треба да биде вклучена во договорот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO