Заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер ја смета за историска одлуката од петокот на Парламентот и почеток на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

Тој ја поздрави одлуката на 80 пратеници кои гласаа „за“ и им честираше на оние осуммина од опозицијата на храброста да се одважат да гласаат за интересите на земјата, а не на партијата.

Палмер очекува и амандманите да добијат поддршка во Собранието. На брифингот со новинари, Палмер рече дека остварил средба со 30 пратеници од сите пратенички групи, меѓу кои и пратеници од опозицијата кои гласале за почеток на постапката за уставни измени.

Тој изрази загриженост дека некои биле изложени на притисоци и закани. Рече дека со лидерот на ВМРО ДПМНЕ не се видел и дека за тоа нема потреба, бидејќи како што рече, се што требало да му биде пренесено и се што требало да се каже било во писмото на Вес Мичел. Исто така, тој рече дека нема потреба да се сретне ниту со претседателот Иванов.

Што се однесува до раководство на ВМРО ДПМНЕ, Палмер рече дека САД слушаат дека декларативно се за за ЕУ и НАТО, но дека таа нивна позиција им делува преапстрактно и теоретски и дека очекуваат ВМРО ДПМНЕ таа декларативна заложба да ја преточат во конкретни политички одлуки, како што би била поддршката за Договорот од Преспа, преку кој оди патот до ЕУ и НАТО.

Палмер изрази згриженост поради очигледната вмешаност на Русија во процесите во Македонија како и пошироко на Балканот и во таа смисла смета дека се очигледни различните интерси на ЕУ и САД од една страна, кои сакаата Балканот да го видат во мир со себе и кон другите, со отворени перспективи за граѓаните од цел регион, и од друга страна на Кремљ, кој во регионот работата на создавање поделби и конфликти и тоа на еден нетранспарентен начин. Нивното влијание е очигледно преку некои медиуми и преку социјалните мрежи.

Што се однесува до ставот на Руската амбасада дека ќе продолжи да ја признава Македнија под уставното име, Палмер рече дека САД не ја разбираат одуката и не ја коментираат. Но истакна дека Русија во Советот за безбедност на ОН нема начин да го попречи Договорот склучен меѓу две суверени земји.

Прашан за иницијативата за помирувањето Палмер рече дека тоа може да биде во фукција на обединување на општетството и тоа треба да е процес кој ќе дефинира како и што ќе произлезе од него, низ една поширока политилка и стручна дебата во јавноста и дека САД, кои вложиле многу и за кои е огромно значење е владеењето на правото, очекуваат дека тоа помирување нема да се рефлектира врз владеењето на правото. Во тој контекст, Палмер денеска се сретнал со министерката за правда, со претставници на судската власт, на СЈО и на Обвинителство.

Следува поопширен текст за ставовите на заменик помошникот американски државен секретар Палер изнесени на овој брифинг.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO