Главни теми на денешните разговори меѓу македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и заменик државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер, биле евроатлантските перспективи, како и актуелните политички случувања во Република Македонија и во регионот, соопштува МИА.

Димитров се заблагодарил за континуираната поддршка на САД за евроатлантските интеграции на Република Македонија. Тој истакна дека граѓаните ја гледаат иднината на земјата во евроатлантското семејство и изрази уверување дека успешно ќе минат патот кон местотото кое им припаѓа во НАТО и Европската унија.

Димитров и Палмер, разговарале и за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, како и за неодамнешниот напредок во однос на процедурата за уставните измени во парламентот, со цел успешна имплементација на Договорот со Грција и влегувањето на Република Македонија во НАТО како 30-та држава-членка, се вели во соопштението.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO