Уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ демонстрира недостиг на историска памет и влева омраза, распостранувајќи историски манипулации кон Бугарија. Ова го изјави пред БГНЕС бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, еден од најактивните бугарски политичари кој ја поддржува евроатлантската интеграција на Република Македонија.

Поводот за неговиот коментар беше изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски која беше исполнета со омраза и реторика која потсетува на периодот по 1945 година, кога на власт беше југословенскиот диктатор Тито.

„Портпаролот на партијата со четирите ̎ВМРО̎ зборува за „бугарски фашисти“??? Недостаток на реална историска памет за тоа каде биле ВМРО за време на бугарската администрација на Македонија или повторно злонамерен коментар од оваа партија спрема Бугарија? До кога ќе поттикнуваат омраза? До кога ќе ги повторуваат лагите на Титовите и на бугарските комунисти? „, запраша Андреј Ковачев.

Тој посочи дека дури СДСМ во последно време не зборува за „бугарски фашисти“, но „сестринската партија“ / ВМРО-ДПМНЕ припаѓа на семејството на ЕПП – бел.ред. / очигледно не може да отвикне.

„Веќе второ поколение во раководството на оваа партија израснува со историските манипулации спрема Бугарија! Само вистината може да нè спаси и ке не спаси! „, категоричен е Ковачев.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO