Опис: Едно кодошење соработникот на УДБА Нинко Величковски за неговата средба со големиот македонски актер Ѓорѓи Колозов

„…Тодор му одговара:
– Ама ајде бе Ѓоко што ми зборуваш, и за кого ми зборуваш, абе знаеш ли ти кои се Бугарите?
Ѓоко: – Ама знаеш ли на мене да ми кажеш. И што вие имате против Бугарите, што вам ви направиле Бугарите, што сте се окомиле на Бугарите, кога тие ништо не се правеле. Па Вие сте шовинисти бе, (тоа Вие беше многу широко и сеопфатно), Вие сте националисти, фашисти сте Вие. Вие не ја знаете историјата. Грците се убивале и палеле во Македонија и тоа зверски во гасни комори, а не Бугарите како што вие знаете! Вие сте србомани (и Србите се убивале и поробувале, а нив ги сакате), Бугарите ништо не се правеле и нема зошто да ги мразите (а никој тука не зборуваше за мрзење)….
Тука јас се вмешав и реков дека јас имав газда во Скопје на кој што целата фамилија му е зверски убиена од страна на Бугарите и дека Ѓорѓи треба да отиде нему да му ја кажува историјата. Тој ми одговори:
– Mолчи бе што разбираш ти…
А понекогаш му се случува (на Ѓорѓи Колозов) да води диалог на Бугарски со артистот Живко Пешевски – член на Кумановскиот театар – кој исто е воодушевен од Софија, театорот, луѓето и е истомисленик на Колозов Ѓорѓи, кој навистина би требало да се чуе и да се види и во тој момент да се превземат мерки. . .“
1. VI. 1976
Куманово

Извор: Скенирана од оригинален документ

Автор: Нинко Величковски е македонски пеач и актер, кодош и соработник на УДБА.

За да го прочитете оригиналниот документ, кликнете овде.

Извор: Библиотека Струмски

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO