Во Бугарија битисува стереотип дека луѓето во Македонија се ʺиспрани мозоциʺ или кои што веруваат во античка цивилизација. Тоа се користи за „постојано пумпање на некакви псевдопатриотски позиции што на крајот на краиштата го блокираат напредокот за тоа ние да општуваме активно“. Во Македонија, стереотипот е дека Бугарите се „окупатори“ и „татари“, но тоа не суштествува во личните односи меѓу луѓето, истакна скулпторот Андреј Врабчев од Фондацијата „Татковина“ за емисијата „12 + 3“ на ʺХоризонтʺ по БНР.

„На лично ниво, меѓу луѓето има огромна културна размена. Навистина изненадувачки. Ова не е познато ниту за нашето општество ниту за општеството во Македонија. Тоа останува на ниво на лични контакти. Во некаква тесна професионална средина тоа се знае многу добро, но стравот од другиот е тоа што ни прави лесни за манипулација „.

Врабчев кажа дека и пред првата Бугарско-македонска културна средба, која се одржа кон крајот на неделава, имало средби меѓу интелектуалци од двете земј, но не и во ваков формат и на таков начин и со желба да се претвори во еден совет што ќе работи.

„Мислам дека си поставуваме цели што никој досега не си ги поставил. Целта е освен зголемување на културната размена и на создавање на заеднички продукт. Сакаме да ги срушиме стереотипите и претставите во нашето општество – и нашето, и македонското – за тоа во каква состојба се наоѓа другото општество „.

Целта на средбата била да се претстават луѓе со опит во работата со Македонија и луѓе кои се од Македонија и нашле свое остварување во Бугарија. Беа претставени група млади графичари од Охрид и Делчево и нивните колеги од Софија – едни од највлијателните графичари во моментов.

Иван Шопов, писател од Скопје, ја претстави својата книга „Паника во музејот“. Врабчев настојувал тој да присуствува на средбата, затоа што преку него „многу лесно се илустрира фактот дека луѓето таму, исто така, имаат критички поглед кон настаните, кои кај нас се претставуваат како некакво статус кво. Ние многу често се смееме на спомениците во Скопје, но јас, како скулптор, искрено може да ви кажам дека ние не сме поназад од нив. Ние / луѓето од двете страни на границата / не се познаваме меѓусебно, но Македонците не познаваат подобро отколку ние нив“, вели уметникот.“ Шопов, на пример, ја познава одлично современата бугарска литература „.

Од советот се очекува да започне со новинарски проект – интервју. Разгледан е исто така проект-програма за културна соработка.

Интервјуто на Даниела Јакова со Андреј Врабчев може да се слушне од звучниот запис тука.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO