Бугарскиот претседател Румен Радев ја поздравува политичката храброст, лидерство и државничка одговорност што води до зближување помеѓу Бугарија и Македонија. Според него гласањето на промените во македонскиот устав се само почеток на еден пат кој треба да доведе до уште поголема блискост меѓу двете земји.

„Резултатот од спроведеното  гласање во парламентот на 19 октомври 2018 година е важен чекор за Република Македонија по еден долг историски пат. Тој треба да доведе до уште поголема блискост меѓу нашите две земји на принципите на пријателството, добрососедството и соработката“, посочува бугарскиот шеф на државата.

„Изгледите за развој на нашите билатерални односи нивното расчистување од идеолошките наслаги од блиското минато се од исклучително значење за зацврстување на поддршката на Република Бугарија за интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и НАТО. Ги поздравувам сите манифестации на политичка храброст, лидерство и државничка одговорност кои водат кон приближување меѓу нашите две земји „, се вели во соопштението на претседателот Радев.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO