1917 година загинува Христо Бардаров. Христо Бардаров е роден на 17 март 1890 година во Разград. Командува со 2-ра митралезна чета на 19-ти пешадиски шуменски полк. Во Првата светска војна неговиот полк 3 години го заштитува Охрид од позииците на Мокра планина, каде и загинува на 19 октомври 1917 година. На 20 октомври 1917 година бил постхумно произведен во чин мајор. Пренесен е и е погребан во дворот на црквата „Свети Ѓеогри“ во Струга, каде постојано се палени свеќи во негов спомен. Властите на комунистичка Југославија го уништуваат неговиот споменик после 1944 година.

Здружението на македонските бугари „Хоризонти“, поставува на 19 октомври 2004 година, паметна плоча на Христо Бардаров плод во неговиот роден град Разград.

Христо Бардаров е братучед на полковник Христо Бардаров, аѓутант на цар Борис III.

Споменот за Христо Бардаров сеуште е жив во Охрид и Струга, каде и до денес се пее народната песна посветена за капетанот од бугарската армија.

Во продукција на граѓанскиот комитет БМОРК-Илинден-Преображение ( основан по иницијатива на Бугарскиот Културен Клуб-Скопје (БККС) по повод 110 години од Илинденското востание и 120 години од основањето на БМОРК) во студио 1 на БНР е снимана народната песна за Капетан Бардаров.

Песната за капетан Христо Бардаров во целост може да jа слушнете тука.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO