Премиерите на Грција и Македонија Алексис Ципрас и Зоран Заев зборувале по телефон по оставката на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

Според портпаролот на грчката влада, Димитрис Санакопулос, двајцата премиери биле на исто мнение и повториле дека работат на реализирање на Преспанскиот договор.

„Премиерот има редовни контакти со г. Заев. Очигледно е дека премиерот на соседната земја нема да ги коментира внатрешните состојби во Грција, тие се согласија и повторија она што е познато на сите дека и двајцата работат за Балкан на 21 век, и двајцата работат за спроведување и влегување во сила на Договорот од Преспа „, рече Сенакопулос во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.

Во меѓувреме, грчкиот весник ʺАвгиʺ, кој е близок до СИРИЗА, соопшти дека двајцата премиери разговарале за нов Балкан, во кој доминираат мирот, соработката и солидарноста.

Информативниот портал „Ин“ пишува дека Ципрас го информирал Заев за тоа што се случило во врска со оставката на Коѕијас и за фактот дека тој лично го презел Министерството за надворешни работи. Македонскиот премиер го запознал својот грчки колега за ситуацијата во Македонија за гласањето во парламентот и за ставот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO