Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека неговата земја сериозно го сфаќа исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Тој ова го изјави за време на престојот во Турција каде што разговараше со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Според него, Ердоган јасно рекол оти Саудијците соработувале со турската истрага. Кашоги последен пат бил виден како влегува во саудискиот конзулат во Истанбул по документи во врска со неговата венчавка со една турска новинарка.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO