Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, по првата рунда пристапни преговори за членство во НАТО, изјави дека е пресметана стапката на македонскиот придонес во буџетот за НАТО, откако таа ќе стане членка на Алијансата:

„Нашата формула е 0,0721 отсто од буџетот на НАТО. Ќе ме прашате колку е тоа. Треба прво да видиме колку е буџетот на НАТО, затоа што зависи од контрибуциите на сите 29 земји членки. Меѓутоа нашата контрибуција не би требало поголема од 600-700 илјади евра. Гледајќи според последните компаративни примери на Црна Гора и Хрватска, кои тука се плус-минус слични со нас по големина и со економиите“, изјави Пендаровски.

Точната сума сѐ уште не е позната, но не се очекува таа да биде поразлична од проекциите меѓу 600 и 700 илјади евра и ќе биде позната на крајот на фискалната година. Формулата се базира врз калкулации на Светската Банка поврзани за големината на државата и нејзиното БДП, рече Пендаровски.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO