Ајде да погледаме / LET`S LOOK е новата изложба, со која стартира уметничката есенска сезона на Галеријата за современа уметност – Софија, која се наоѓа во хотел Арена ди Сердика.

Миглена Савова-Оклер е современ бугарски уметник кој живее и се развива во Женева во последните 15 години. Завршила во 2005 година специјализација во Високото училиште за изобразителна уметност во Женева, од 2005 – 2007 година учи „Историја на уметноста“ на Универзитетот во Женева. Магистер по ликовна уметност на Универзитетот во Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“. Од 2003 година живее и работи во Женева, Швајцарија. Има 18 индивидуални и повеќекратни колективни изложби во Бугарија, Германија, Франција, Италија САД, Нов Зеланд и Швајцарија. Од 2009 година има свое ателје за реставрација и просторен дизајн, како и специјализирана образовна школа за уметност.

Ајде да погледаме / LET`S LOOK е креативен концепт на Миглена Савова-Оклер, тоа е нејзината прва самостојна изложба во Софија за последните години. Таа има исклучително карактеристичен ракопис, со светло присуство на динамиката во боите и ритам во сликите , вешто го бара идентитетот во лицата преку провокацијата на елементи во случајот со пури, како овој чин е и вид социјално активна интеракција со конкретни пораки.

Изложбата се подготви и реализира од страна на тим од Здружение „Толку блиску, толку далеку“ и Галеријата за современа уметност – Софија, со поддршка на Државната агенција за Бугарите во странство. Здружението „Толку блиску, толку далеку“ активно работи во последните години во поддршка на промоцијата на современа бугарска уметност и творците не само во странство, но и за враќањето им и прикажувањето во Бугарија.

Куратор на изложбата е Цветелина Русалиева кој е и уметнички директор на бутик галерии на современа уметност во Софија и во Рим, главен координатор на изложбата е Снежана Jовева, заменик-претседател на здружението „Толку блиску, толку далеку“.

 

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO