Ние не даваме совети. Бугарија ја поддржува Република Македонија за членство во Европската унија (ЕУ) и во НАТО. Ова го изjави министерката за надворешни работи на Бугариjа Екатерина Захариева за Бугарската национална телевизија и истакна дека бугарскиот интерес е земјата да биде дел од овие структури.

Според Захариева „политичарите и раководството во Македонија сами треба да одлучат каде ќе одат, нашиот интерес е тие да се во ЕУ. Ние подаваме рака“.

„Историjата не треба да биде нашиот затвор, туку нашиот учебник“, рече уште Екатерина Захариева.

Таа изрази задоволство од работата на Заедничката комисија, која одржа досега три сесии, а четвртата ќе се одржи во ноември во Софија. Да не заборавиме дека Договорот за добрососедство, кој беше потпишан на 1 август 2017 година, стапи во сила во јуни оваа година. Захариева ги посочи како позитивни чекори заедничките прослави на Илинденското востание и поклонувањето на гробот на Гоце Делчев во текот на изминатата година.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO