„Заедно со премиерот Алексис Ципрас ние остануваме целосно посветени на перспективите на новиот Балкан на 21-от век. Балкан, во кои ќе се гради пријателство, во кои ќе се промовира соработката, каде ќе придонесуваме за подобар економски раст и раст на нашите земји, за посреќни граѓани и зголемување на трговијата, нови инвестиции и подобар економски стандард на граѓаните на Македонија и на Грција „, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот телефонски разговор со својот грчки колега и по оставката на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Премиерот додаде дека неговиот грчки колега го информирал за случувањата кај нив и дека останува посветен на договореното, преземајќи ја функцијата министер за надворешни работи со цел и гаранција дека ќе се реализира Договорот од Преспа.

„Среќен сум поради целосната посветеност на Република Грција на овој договор. Можам да го потврдам нашата целосна посветеност. Изразувам надеж дека утре парламентот ќе собере сили, дека пратениците ќе се охрабрат и ќе покажат смелост, бидејќи, прво, се претставници на граѓаните, а потоа на политичките партии и ќе се соочат со историската одговорност пред оваа уникатна шанса за Македонија. И конечно ќе го дадат својот глас за потребата од уставни промени „, рече македонскиот премиер.

На новинарско прашање дали не се откажува од мнозинство и како ќе успее да го обезбеди, претседателот на македонската Влада, изјави дека е верник и дека понекогаш се случуваат чуда.

Запрашан за помирувањето и дали неговата позиција повлијаела на Кривичниот совет, кој го крена мерките притвор за настаните од 27-ти април, премиерот Заев одговори дека разговарал со Министерството за правда, за да праша дали тоа е токму поради неговиот повик за помирување.

„Не го знам ставот на обвинителството и судот, но мило ми е што луѓето излегоа од притвор. Зошто? Бидејќи моето барање отсекогаш било дека мерката не треба да биде притвор, туку само за да се обезбеди присуство на судењето. Во минатото видовме многу апсења во Република Македонија. Верувам дека треба да прибегнуваме кон други, полесни мерки и се радувам да дебатираме сите во Парламентот. Ова ќе биде уште подобро погледано од историски аспект за Македонија, да присуствуваат сите пратеници и да обезбедиме двотретинско мнозинство во парламентот „, рече премиерот Заев во одговор на новинарско прашања на денешната прослава на 20-годишнината од постоењето и функционирањето на штедилницата „ФУЛМ“ во селото Муртино.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO