Според Горан Момировски писмото од американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Мич треба да биде внимателно прочитано од челниците на ВМРО ДПМНЕ и пратениците од оваа партија. Тоj сепак изрази сомнеж дека ова писмо е задоцнето и дека Мицкоски веќе нема влијание врз пратениците, нема моќ да им наложи како да гласаат. Момировски во „Само вистина“ додаде дека не очекува договорот од Преспа да има двотретинска поддршка во собранието, но рече дека во четвртокот висок функционер на ВМРО ДПМНЕ бил во посета на штабот на СДСМ.

Момировски смета дека нема случајност во тоа што двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, обвинети за 27 април, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, се пуштени од домашен притвор со парична гаранција, особено по вчерашниот апел од Заев за простување и помирување.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO