И покрај очекувањата дека во опозициската ВМРО–ДПМНЕ ќе надвладее разумот,  ќе го осознаат сериозниот политички момент во кој се наоѓа Македонија, најверојатно ќе продолжат со својата стара политика, со кое партијата се претвора во крајно деструктивна организација, која штети не само на иднината на Македонија, но и на регионот. Ова го изјави Мирослав Ризсински потпретседателот на Бугарски културен клуб-Скопје (БККС), во предавањeто „Светот е бизнис“ на Bloomberg TV Bulgaria со водечкиот новинар Николај Крастев.

„Имајќи во предвид дека во иднина нè очекуваат други регионални казуси за разрешување во преговорите Белград-Приштина, важно е Македонија да е веќе членка на НАТО пред да започнат тие преговори, во спротивно иднината на земјата се доведува во прашање“ .

Дури и по референдумот во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, не можат да се најдат 8-9 пратеници за поддршка на уставните измени.

„Прво – дури под раководство на Мицковски, кој е решение на самиот Груевски, на самиот конгрес партијата не се спротивстави на политиката на Груевски, не ги прогласи за штетни, продолжува да го прифаќа како голем политичар. Без оглед на судските процеси против него, партијата не може да излезе од контролата на Груевски и да се реформира во една нормална партија и да се спротивстави на политиката на Груевски. Дури и ако луѓе се обидуваат да ги критикуваат политиките на оваа партија,за тоа се прогонуваат од неа. Во оваа насока и ЕНП треба да биде покатегорична Може ВМРО-ДПМНЕ да биде избркана од ЕНП, бидејќи таа ги напушти евроатлантските принципи – не се знае дали е под влијание на Москва или е инструирана од неа, но сега таа 100 -процентно влегува во интересот на Москва – дестабилизација на Балканот и блокирање на земјите кои сакаат да бидат дел од евроатлантското семејство. Таа треба да биде исклучена од ЕНП, може политички да се дефинираат во друга насока – не е забрането, но со една таква двојна политика-никој да не знае какви се, не може да се продолжи. На зборови се објавуваат за европски вредности, а нејзините поддржувачи на протестите ги носат симболите на Путин. “

Поради оваа двојна политика на ВМРО ДПМПЕ во последните 10 години, партијата е во услуга на Русија, ги гледаме усилијата на Москва да ја задржи оваа ситуација на изолација на Македонија.

Целото интервју со Мирослав Ризински може да го погледнете тука.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO