Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, се повлече од функцијата, соопшти грчката влада по спорот во Владата за Преспанскиот договор за името на Македонија.

„Премиерот Алексис Ципрас ја прифати оставката на министерот за надворешни работи“, соопштија од кабинетот на премиерот, додавајќи дека Ципрас ќе го преземе испразнетитот пост.

Уште вчера, по седницата на грчката Влада, Коѕијас се заканил дека ќе си поднесе оставка, бидејќи не добил доволно поддршка од премиерот при расправиите со Панос Каменос, коалициски партнер и лидер на „Независни Грци“.

Неусогласеноста на позициите меѓу Панос Каменос и Никос Коѕијас поминала во жестоки расправии. Според грчките медиуми скандалот бил предизвикан од позицијата на Каменос во однос на Договорот од Преспа и надворешната политика, а исто така и од тоа дека лидерот на „Независни Грци“ споменал за тајни фондови во грчкото МНР.

Веројатноста за оставка на Коѕијас беше спомната во денешните изданија на ʺТа Неаʺ и голем број грчки медиуми. Освен тоа што скандалот Коѕијас-Каменос денес беше на насловните страници на весниците, тој беше и главна тема на информативните емисии на грчките телевизии синоќа.

Расправиите во Владата започнала откако Каменос земал збор пишува „Та Неа“. Тој рекол дека во програмата на коалициската влада на СИРИЗА и „Независни Грци“ имало договор дека прашањето за името на Македонија ќе влезе во грчкиот парламент по изборите „, иако Ципрас ми рече дека Договорот од Преспа е избор на владата“ .

Според истите извори револтираниот Никос Коѕијас побарал збор и поради споменување на фондовите во МНР од Каменос. Според членовите на Владата, тој директно го обвинил Каменос дека „се обидува да води надворешна политика на сметка на владата и на земјата“, пишува „Та неа“.

Дел од медиумите во Грција денеска објавија и дијалози помеѓу Каменос и Коѕијас. Според информативниот портал „Inn“, разговорот следел вака:

Каменос: Го поддржувам своето мислење за името на БЈРМ. Јас нема да се приклучам на владиниот обид за притисок.

Коѕијас: Вие се стремите да остварувате надворешна политика на сметка на владата и земјата, за да служите на вашите политички и лични стремежи!

Каменос: Имаше потврда од Министерството за надворешни работи дека прашањето за Скопје ќе дојде во парламентот по изборите …

Коѕијас: Немаше такво нешто. Превземените чекори беа одобрени од страна на премиерот и надлежните органи. Можеби сте пропуштиле некои владини сесии.

Каменос: Ја разјаснивме нашата позиција. Не е толку лажна како Мицотакис. Мојата проценка е дека договорот нема да влезе во парламентот, бидејќи процесот во Скопје нема да заврши. Во секој случај, ние нема да се идентификуваме со Нова демократија во обидот за соборување на владата.

Ципрас: Договорот е со владата, а не со Министерството за надворешни работи.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO