Големиот шпански тенор Хозе Карерас ќе одржи грандиозен концерт на 11 мај (сабота) во сала Арена Армеец во Софија. Во блескавото шоу во кое учество ќе земат над 120 лица, ќе бидат претставени сите големи и сакани дела на легендарниот изведувач, кои се претворија во амблеми на неколку поколенија.

Диригент на концертот на Хозе Карерас ќе биде најголемиот шпански диригент, почитуван низ целиот свет, Давид Хименез.

Возбудливиот спектакл на еден од најпопуларните оперски пејачи на нашето време и близок пријател на бугарската фудбалска ѕвезда Христо Стоичков, е навистина ексклузивен, бидејќи со него Карерас, кој може да се пофали со исклучително долгогодишна и плодна изведувачки кариера, ќе биде последен за него не само во Бугарија, туку и во сите балкански земји. Настанот, чиј организатор е АРТ БГ, се отцртува како навистина амблематично, бидејќи е едно од ретките концертни настапи на едниот од „Тројцата тенори“, кој многу ретко има учества на големата сцена.

Музичкото наследство на Жозèп Карерас и Кол (на каталонски Josep Carreras i Coll), прочуен по светот како Хосè Карèрас, навистина не би можело да се измери како вредност.

Еден од Тројцата тенори (заедно со Лучијано Павароти и Пласидо Доминго), познат по неговите Пучиниеви и Вердиеви партии, Карерас остава светла трага во светот на класичната музика и не само.

Првата јавна изведба на Карерас, „La donnaè mobile“, ја прави на осум годишна возраст. На 11 веќе настапува на реномираниот Барселонски театар „Лисеу“, во опери на Мануел де Фаја и Пучини. Учи во Конзерваториумот во родниот град и во 1970 година дебитира во главните улоги во „Набуко“ (Верди) и „Норма“ (Белини). Во „Норма“ го привлекува вниманието на изведувачката на главната улога, веќе покојната, Монсерат Кабаје, која го поканува да пеат заедно во „Лукреција Борџија“ на Доницети – тоа е првиот голем успех на Карерас.

Во 1972 година тој дебитира во САД во улогата на Пинкертон од Мадам Батерфлај, во 1973 година во Лондон во 1974 година во Виена. На 28 години, неговиот репертоар веќе има 24 различни наслови.

Во 1992 година, тој пееше на Олимпијадата во Барселона, заменувајќи го Фреди Меркјури, кој го напушти светот една година претходно.

Хозе Карерас има добиено многу признанија за своето творештво – меѓу нив: Златен медал на каталонската влада (1988), „Принцот на Астурија“ (1991) и други. На 22 септември 2006 година тој отвора театар во Фуенлабрада, кој го носи неговото име.

Тој ја игра главна улога во истоимениот филм за животот на оперскиот пејач Џулијан Галјаре.

Билети за концертот на Хозе Карерас во Софија за Бугарија, Македонија и Романија, можат да се купат во мрежата на Ивентим, како и онлајн на цени од само 50 денари до 110 лв и ВИП места 180 лв.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO