До медиумите е распространета декларацијата на „Граѓанскиот совет за културна соработка меѓу Бугарија и Македонија“, со која тој ја започнува својата дејност. Декларацијата беше поддржана од учесниците на првата „Бугарско-македонски културна средба“, кој се одржа во ʺПеротоʺ во Националниот дворец на културата-Софија. Средбата беше организирана од Бугарскиот културен клуб-Скопје од македонска и фондација ʺТатковинаʺод бугарска страна. ТАТКОВИНА ја публикува во целост.

 Декларација Призив

Граѓанскиот совет си поставува за цел да ја зголеми културната размена, како и заедничкиот продукт на осуштествените заеднички културни и образовни дејности, да ги насочува политиките во таа насока со цел олеснување на заедничката работа во областа на културата, како и да придонесе за соработката меѓу уметниците, научниците и претставниците на креативните индустрии од двете страни на границата. А исто и за создавање на заеднички центри за кино и телевизиски продукции и.т.н.

Македонија зазема посебно место во животот и на современа Бугарија и овој факт не ни дозволува да ја поставуваме во пакетот „Западен Балкан“ (нешто кое што беше цел на интереси, непријателски на зближувањето меѓу Македонија и Бугарија). Посебната врска меѓу двете земји е доволно добро позната на секој запознаен и непристрасен набљудувач, поради што никој не би можел да и се налути на Бугарија за тоа дека придава особено и поспецијално место на нејзините културни врски со Македонија.

Деценискиот недостаток на општење помеѓу двете земји, меѓусебното непознавање и отсуството на соработка се она што ја прави возможна дури и денес демонизацијата на „другиот“, преку која двете општества се манипулирааат, а вештачката конфронтација се одржува со помош на стравот од непознатиот. Било тој претставен во портретот на „окупатор“ и „татарин“, или на „крадец на историјата“ и „испран мозок“.

Овие инструменти на конфронтирањето се дел од еден поголем механизам кој работи против нашето зближување. Антагонистичките навидум позиции всушност се поддржуваат и крепат взаемно до таква степен, што ги блокираат позитивните промени, кои настапија како со признавањето на независна Македонија, така и со потпишувањето на договорот за добрососедство. Тие ќе бидат употребенувани против нас до тогаш, додека го носиме во себе стравот дека може да изгубиме нешто. Време е да покажеме дека сме ги надминале нашите стереотипи дека нема што да загубиме, ако ја споделуваме слободно и отворено нашата култура, бидејќи културата е она, кое што станува толку поголемо колку повеќе се споделува. Ако не го правиме меѓутоа, ќе се изгубиме и самите себе си, изолирајќи се во фигурите на мислење во митови и во стравови.

Стравот и ужасот од непознатиот престануваат да суштествуваат тогаш кога тој ќе се претвори во жива реалност. Ете зошто сметаме, дека единствениот пат за отстранување на стравувањата, врвејќи по кој ќе го изградиме идното си мирно и заедничко суштествување, е патот на целосното и полнокрвно културно ошштување (општење) меѓу нас. За да нема стравови, треба да нема тајни, а за да нема тајни, треба да оптштиме и да се преоткриваме взаемно, да ги спроведеме непроведените разговори и да одиме напред, а не да сме свртени назад и да се загледуваме во минатото. Она што го правиме заедно денес ќе биде нашата заедничка историја утре. Од нас зависи дали ќе се гордееме со неа или напротив – ќе се срамиме.

Ете зошто ги повикуваме сите културни и образовни институции, како и луѓе од целиот културен сектор во Бугарија да бараат нови форми на општење, создавањето на заеднички културни продукти во креативна соработка со луѓе од Македонија. Го повикуваме Министерството за култура, Министерството за образование, Министерството за млади и спорт и Министерството за надворешни работи да создадат услови за олеснување и развој на нашите културни врски со Македонија. Недостатокот на јазична бариера меѓу нас е отворена врата за општи културни дејности во сите сектори: издаваштво на книги, научно-образовни, сценски или медиумско-забавниот. Нашата заедничка историја бара од нас да ја изучуваме и да ја спазуваме заедно, да имаме заеднички музеи, општи колекции. А зошто не и да правиме заеднички изложби во трети земји. Така ќе сме пример за модерно мислење и реално осуштествувано разбирање не само за Западен Балкан, туку и за сите во Европа и во целиот свет.

Заедно можеме повеќе!

Совет за културна соработка помеѓу Бугарија и Македонија Софија 12.10.2018

Д-р Калин Крумов, Андреј Захариев, доц. Д-р Веселин Методиев, Теодосиј Спасов, Иван Дојков-продуцент, Стефан Тафров, проф. Катерина Венедикова, проф. Дијана Гергова, проф. Евелина Келбечева, д-р Антон Панчев, доц . д-р Ана Кочева, В’лкан Станчев, Станка Желева, Димитар Божилов, Андони Андрееев, Владимир Васев, Силвија Васева, Рајна Дрангова, Елисавета Шапкарева, Красимир Ангелов, Веселин Кирев, Пламен Иванов, Владимир Руменов, Емил Георгиев, Павел Целкоски, Стефан Здравески, Андреј Врабчев, Мирослав Ризински, Андреј Арнаудов


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO