Неодамна се одржа средба на мешовитата бугарско-македонска комисија создадена согласно Договорот за добрососедство меѓу двете земји, која има за цел да ги исчисти несогласувањата за нашата заедничка историја.

Проф. Д-р Ангел Димитров објасни дека оваа комисија има научен карактер, составена од историчари, литерати, етнографи, но работи во политички контекст. Според него, бугарската делегација се вратила со оптимизам од средбата во Скопје. Додека на првата средба во Софија се разгледувале повеќе организациони прашања, на средбата во Скопје била започната вистинската работа.

Дел од работата на комисијата е да нуди датуми, личности, настани, кои да бидат прославувани или одбележувани заедно. На оваа тема, во комитетот има согласност. Инаку проблемите се премногу, смета проф. Димитров, особено во содржината на учебниците во училиштата.

„Од наша гледна точка, таму има нешта кои се неспоиви не само со претставувањето на Бугарија, но и со еден научен пристап при интерпретацијата на историјата“. За некои прашања сретнавме разбирање од нашите колеги, за други имавме спорови.ʺ

Во целина разговорите поминале во професионална атмосфера. Република Македонија нема претенции кон бугарските учебници, со исклучок на исказот во некои случаи. Овде професорот забележува дека во бугарските медиуми се појавила лажна вест, и затоа треба да бидеме многу внимателни. На средбата не биле постигнати конечни решенија. Учесниците се разбрале пред третата средба во Софија на крајот на ноември да си разменат нивните коментари во писмен, синтетизиран вид и да донесат конкретни решенија врз основа на нив.

Целото интервjу со Проф. Ангел Димитров за БНТ може да го погледнете тука.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO