Поранешниот фудбалер на Арсенал Тјери Анри се согласил да потпише договор со Монако, потврдија извори на Sky Sports. Французинот ќе го замени Леонардо Жардим, кој беше отпуштен на почетокот од неделата. Под негово раководство ,, монегаските „достигнаа до полуфиналето во Лигата на шампионите и ја освоија француската Лига 1 во сезоната 2016/17.

Од почетокот на новата сезона сепак формата на тимот од Кнежевството драстично се намали и во моментов тие ја заземаат 18-та позиција во генералниот пласман на првенството по само една победа во првите девет натпревари. За Анри ова ќе биде прва тренерска позицијата на чело на тимот, имајќи во предвид дека досега поранешниот француски репрезентативец беше помошник тренер на селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.

Пред да биде именуван за нов тренер на Монако Анри беше поврзуван со тренерскиот пост на Астон Вила, но на крајот новиот менаџер на тимот од Чемпионшип дивизијата е Дин Смит. Анри се врати во Монако, каде ја започна својата професионална кариера како фудбалер.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO