Претседателот на ВМРО-Народна партија и поранешен премиер Љубчо Георгиевски побара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да најдат заеднички јазик и да го променат Уставот, за да го решат проблемот со Договорот со Грција. Во телевизиското шоу „Водечка тема“ тој истакна дека за Република Македонија би било многу подобро парламентот да го реши проблемот, отколку да се влезе во нов изборен циклус.

Георгиевски вели дека ако се свикаат избори дека ќе се повтори дискусијата за референдумот и во наредните 45 дена главна тема ќе биде повторно кој е „За“ и кој е „Против“ договорот со Грција. Според него изборите претставуваат ризик, бидејќи тие можат да го закопаат договорот и меѓународната заедница, како што рече – „да ги дигне своите раце од нас“. ВМРО-ДПМНЕ се очекува да продолжи да се држи популистички, можеби претседателот повторно ќе одбие да даде мандат и на крајот државата повторно ќе биде во застој.

, за да го решат проблемот со Договорот со Грција. Во телевизиското шоу „Водечка тема“ тој истакна дека за Република Македонија би било многу подобро парламентот да го реши проблемот, отколку да се влезе во нов изборен циклус.

Георгиевски вели дека ако се свикаат избори дека ќе се повтори дискусијата за референдумот и во наредните 45 дена главна тема ќе биде повторно кој е „За“ и кој е „Против“ договорот со Грција. Според него изборите претставуваат ризик, бидејќи тие можат да го закопаат договорот и меѓународната заедница, како што рече – „да ги дигне своите раце од нас“. ВМРО-ДПМНЕ се очекува да продолжи да се држи популистички, можеби претседателот повторно ќе одбие да даде мандат и на крајот државата повторно ќе биде во застој.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO