Јапонскиот пасош во странство овозможува безвизно патување до најголем број земји и територии, вели британската адвокатска фирма Хенли и Партнери. Носителите на јапонски пасоши влегуваат без проблеми во 190 земји низ светот. На второ место по овој индикатор е пасошот во Сингапур, кој дава право на безвизен режим во 189 земји. Третото место го делат Франција, Германија и Јужна Кореја (188 земји).

Интересно, Јапонија беше само петта во светот во минатото. Таа ги надмина сите други откако голем број земји од Централна и Југоисточна Азија ги укинаа визите за јапонците во изминатата година.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO