„Нема ни најмал доказ дека Русија се мешала во референдумот за името“. Ова во интервју за руската новинска агенција ТАСС го изјавил македонскиот амбасадор во Москва Гоце Карајанов. Запрашан дали Скопје има некаква причина да се сомнева оти Москва интервенирала во референдумот, Карајaнов ја повторил изјавата на премиерот Зоран Заев дека не постоела никаква индикација оти Русија се обидела да влијае во Македонија.

„Не знам што би можел да додадам во врска со ова“, изјавил амбасадорот Карајанов. Тој, како што јавува ТАСС, ги опишал македонските интереси како „интеграција во Западните структури и зачувување на пријателските односи со клучните актери на меѓународната сцена“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO