Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски денеска ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на пленарната седица в понеделник да ги поддржат уставните измени и заеднички да ја обезбедат европската иднина на граѓаните: „Убеден сум и не сакам да верувам дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за уставни измени во понеделник“, рече Мисовски. „Со поддршката на уставните измени да го бранат и заедничкиот став за евроинтеграциските процеси на државата“.

„Со Предлогот за пристапување кон уставни измени се потврди дека не се губи ништо, туку напротив се обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со зајакнат македонски идентитет кој конечно станува признаен од целиот свет“, рече уште Мисовски.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO