Светскиот шампион Франција избегна пораз откако стигна до нерешен резултат со Исланд во пријателски натпревар. Воспитаниците на Дидие Дешан постигнаа два гола во последните 15 минути од натпреварот.

Гостите поведоа во резултатот по половина час игра по голот на Биркир Бјарнасон и се повлекоа на тој начин на полувремето. Во второто полувреме Исланѓаните го зголемија водството по голот на Кари Арнасон во 58. минута. Меѓутоа, Французите не се откажаа и успеаја да дојдат до нерешен резултат. Прво централниот дефанзивец на Левски Софија Холмар Ејолфсон си постигна автогол во 76-та минута, а во дополнителното време на средбата Килијан Мбапе кој влезе на натпреварот како резервен играч израмни по исполнување на пенал.

Во друг пријателски натпревар Шпанија направи убедлив успех во гостувањето на Велс во Кардиф со 1: 4. Херој на конечната победа беше позајмениот на Борусија Дортмунд, Пако Алкасер, кој реализираше два гола. Токму тој го отвори резултатот во 8-та минута, а веднаш потоа дефанзивецот на Реал Мадрид Серхио Рамос зголеми на 0: 2 во 19-та. Десет минути подоцна, водството на ʺЛа Фуриа Рохаʺ стигна од 0:3 по вториот гол на Алкасер.

Играчите на Луис Енрике логично ги намалија вртежите во вториот дел, но сепак постигнаа четврти гол, дело на друг дефанзивен играч во лицето на Марк Бартра во 74-та минута. Избраниците на Рајан Гигс сепак стигнаа до почесно погодок минута пред крајот на регуларното време по точната интервенција на Сем Воукс

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO