Неколку илјади Босански Хрвати протестираа против изборот на умерениот политичар Жељко Комшиќ за хрватски член во Претседателството на Босна и Херцеговина. Насобраните маршираа низ етнички поделениот Мостар и палеа свеќи пред канцеларијата на хрватскиот член на колективното Претседателство.

Во ова Претседателство има по еден претставник на бошњачката, на хрватската и на српската националност. Комшиќ е за зацврстување на единството на БиХ, додека неговиот претходник Драган Човиќ се залага Хрватите да бидат трет ентитет во земјата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO