Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и владина делегација по повод 11 Октомври денеска ќе оддадат почит и ќе положат свежо цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово.

Премиерот Заев притоа ќе има свое обраќање. Владини делегации ќе положат свежо цвеќе на Споменикот на Методија Андонов – Ченто, Споменикот на Кузман Јосифовски Питу и на Могилата на непобедените во Прилеп, како и на Споменикот на ослободителите на Скопје во дворот на Владата на Република Македонија. Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2018 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO