Американскиот претседател Доналд Трамп побара одговори од Саудиска Арабија за исчезнатиот саудиски новинар Џамал Хашоги за кого турските власти наведуваат дека бил убиен во конзулатот на неговата земја во Истанбул. Трамп изјави дека никој не знаел што точно се случило и изрази надеж дека Хашоги бил жив.

Турските власти веруваат дека Хашоги, критичар на владата во Ријад и колумнист на „Вашингтон пост“ бил убиен во конзултатот каде што на 2 октомври дошол по документи потребни за да се ожени со неговата вереница, турската новинарка Хатиџе Ченгиз.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO