Има моменти кога судбината поддава рака и треба да се прифати. Македонија се соочува со таква ситуација. Има уникатна историска шанса.

Ова го изјави во Софија Росен Плевнелиев, претседател на Република Бугарија (2012 – 2017), за време на дискусијата организирана од Европскиот совет за надворешна политика (ЕСНП) со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер на тема „Бугарската и европската гледна точка: Референдумот во Македонија“.

ЕУ и НАТО направија сè. Тоа е поддадена рака од судбината, нема да има друга шанса во следните 20 години, рече Плевнелиев.

Драги пријатели од Македонија, поддадете и вие рака, ги повика Плевнелиев граѓаните и политичарите на Република Македонија.

Според него, пред две децении, Македонија беше 10 години пред Бугарија, но поради низа погрешни политички одлуки, во моменов таа е најмалку 10 години зад нас.

Сè што е добро, што се случи во Бугарија во последниве години е благодарение на нашето членство во ЕУ и НАТО, смета тој. И тој истакна дека од 1999 година наваму само странските инвестиции изнесуваат повеќе од 40 милијарди евра.

Тој верува дека суштествуваат три можни сценарија за развој на Македонија.

Првото, како што тој го нарече позитивно, е да бидат прифатени уставните промени од македонскиот парламент и Македонија да има јасна перспектива, а во регионот да има траен мир. Второто сценарио е реалистично и тоа може да ја исправи земјата пред нови избори кои нема да ја променат ситуацијата во Македонија. Третото е негативно и Македонија да западне во тотална изолација, а и можна целосна дестабилизација, поради желбата на албанската заедница, а и на голем дел од Македонците земјата да биде дел од ЕУ и НАТО.

Според шефот на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Софија Торстен Гајслер одржаниот референдум на 30 септември може да се смета како победа за Русија. Гејслер, исто така, го опиша и неадекватното поведение на ВМРО-ДПМНЕ со нејзизината политика на бојкот и екстремистички пројави.

На форумот присуствуваа и претставници од Македонија – Петар Богојески и Андреја Стојковски. Стојковски обрна внимание на проблемите со избирачкиот список, во кој се впишани1,6 милиони гласачи. Според него, бројот на вистинските гласачи во Македонија не се повеќе од 1,3-1,4 милиони.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO