Вицепремиерот Бујар Османи денеска изјави дека има двотретинско мнозинство во Собранието за уставните измени. „Се разбира дека тоа ќе треба да го видиме во понеделник. Меѓутоа, тоа што е важно е дека тоа двотретинско мнозинство нема да биде потребно само при првото гласање, ќе биде потребно и при последното гласање, што ќе биде после три месеци. Очекуваме дека ќе има различни видови притисоци, така што тоа го прави комплексен целиот процес на уставни измени, меѓутоа секој сфаќа дека алтернатива на недонесување на одлука сега во Собрание е многу непредвидлива, многу опасна за државата“, изјави Османи.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO