„Должни сме да преземеме одговорност за Македонија да биде дом на слободата на сите нејзини граѓани, како нова ѕвезда во европското соѕвездие. Денес сме повторно пред историски избор: оваа генерација треба одлучно и храбро да го направи исчекорот за нашата стратегиска цел во оваа фаза од нашата историја – егзистенција за секого, европски животен стандард, осигурани граници, безбедност и стабилност, признаен идентитет. Сето ова преку членство во НАТО и во ЕУ“.

Ова го нагласи премиерот Зоран Заев на синоќешното заедничко, прво прославување на 11 Октомври, Денот на почетокот на народното антифашистичко востание на двата града Прилеп и Куманово пред Меморијалниот музеј во Прилеп „11 Октомври“, некогашниот Участак каде почнале виорните историски настани 1941-та.

Според Заев, пред 77 години, нашите државотворни предци направиле избор и го кренале гласот Македонија да ја направат дом на слободата, победник над фашистичкото зло. За Заев, празниците се добар момент да се запрашаме: како да го зачуваме она што го наследивме и како од Македонија да направиме подобра држава.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO