Град Скопје ќе набавува шест хибридни возила и едно патничко транспортно возило за превоз на девет патници. Вкупна вредност на набавката e предвидена до 8,2 милиона денари, со вклучен ДДВ, информираат од Градот Скопје. Набавката се врши поради застарениот возен парк и недостигот на возила за навремено извршување на работните задачи на администрацијата ќе ги набави овие мали патнички возила, кои се со хибриден погон и максимална емисија на гасови од 100g/km (еуро 6).

Поголем дел од возилата кои се на располагање во возниот парк и секојдневно се користат по потреба за администрацијата на Градот се од типот еуро 4, се амортизирани од повеќегодишна експлоатација, дотраени и постојано се сервисираат.

Градоначалникот Петре Шилегов потенцира дека набавката на нови хибридни моторни возила ќе овозможи поефикасен, поекономичен и побезбеден превоз на вработените во администрацијата во Градот Скопје и на другите корисници на услугите на превоз.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO