Српскиот претседател Александар Вучиќ уште еднаш демонстрираше комплексиран и невоспитан став кон Бугарија.

На отворањето на првата продавница Lidl, Вучиќ рече: Поубава од онаа во Бугарија. Бев таму пред 6-7 години, но оваа продавница е многу поубава „. Неговата изјава беше циркулирана во сите медиуми, вклучително и во државната како водечка вест.

Само пред една недела при отворањето на фабриката на филипинската компанија IMI во Ниш Вучиќ му препорача на нејзиниот генерален директор Артур Тан коj задоцни на церемонијата,  следниот пат да не лета преку Софија, а преку Белград и Ниш. „Задоцнивте, бидејќи слетавте во Софија, не во Белград или во Ниш. Следниот пат сигурно ќе направите подобар избор“, рече Вучиќ.

Пред два месеца, тој брутално ги лажеше своите сонародници, дека според сите економски показатели, Србија ја престигнала Бугарија.

Со ваквите манифестации, Вучиќ очигледно сака да го прикрие своето политичко минато. Пред само 20 години, Александар Вучиќ се закани во српскиот парламент дека ќе убие 100 Босанци за еден убиен Србин. Долго време тој беше десна рака на српскиот националист Воислав Шещел, а подоцна беше и министер за информации при управувањето на српскиот диктатор Слободан Милошевиќ. Во тоа време, еден од најпознатите српски новинари Славко Чурвија беше убиен.

Александар Вучиќ е познат по признанието дека „два пати бил пиjан во своjот живот“. Првиот – кога бил убиен премиерот Зоран Ѓинѓиќ и вториот- кога е застрелан пред својот дом во центарот на Белград Славко Чурувија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO