Истанбулската Вселенска патријаршија, изјави дека се согласила да ја признае независноста на Украинската православна црква, кое е силно посакувано од Киев, но што ризикува да предизвика тензии со Москва.

Русија одамна се противи на овој потег, дури поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил патуваше до Истанбул претходно оваа година, во обид да се обесхрабри Патријаршијата да преземе вакви чекори.

Ова прашање ќе игра клучна улога на претседателските избори во Украина во март 2019 година, откако актуелниот претседател Петро Порошенко постигна независност од РПЦ, што за него е клучен потег, имајќи во предвид дека планира повторно кандидатура за реизбор.

Порошенко брзо ја поздрави одлуката на Вселенската Патријаршија.

„Ова е победа на доброто над злото, светлината над темнината“, рече тој во телевизиско обраќање, додавајќи дека Украина го чека овој „историски настан“ повеќе од 330 години.

Едно собрание на синодот во Истанбул, со кое претседаваше патријархот Вартоломеј, сметан за прв меѓу равнопоставените лидери на православната црква “ реши да даде автокефалиностна црквата на Украина“, се вели во официјалното соопштение во Истанбул.

Во друг клучен потег Синодот исто така се согласи да ги врати шефот на украинската православна црква, патријархот Филарет и Киевскиот Митрополит Макариј на нивните канонски постови по нивното исклучување поради спорот со Москва.

„На овој начин горенаведените се канонски вратени на нивниот хиерархиски или свештенички ранг“, се вели во соопштението по средбата, која започна во вторник.

Московската Патријаршија, поддржана сериозно од Кремљ, тврди дека технички ги надгледува повеќето од православните парохии на Украина и предупреди дека независноста ќе предизвика расцеп во светската православна црква.

Во Украина сега има две цркви – едната е поврзана со Москва, другата – со Киевската патријаршија. Киевската патријаршија се самопрогласи во 1992 година, кога Украина стана независна, и не е призната од ниту една Православна Црква во светот. Поврзаната со Московската Патријаршија црква е најголемата верска заедница во Украина по бројот на парохии, но се повеќе Украинците сепак се самоопределуваат како следбеници на Киевската патријаршија. Во 2016 година предводниците на Киевската патријаршија-Украинска православна црква (УПЦ) патријарх Филарет и митрополит Макариј побараа од вселенскиот патријарх Вартоломеј да обезбеди автокефалност на православната црква во Украина, да го признае за неважечки чинот од 1686 година, со кој Киевска митрополија се присоединила кон Московската Патријаршија и да издате т.н. томос за автокефалност на Православната Црква во Украина.

Во одлуката на седницата на Светиот синод во Истанбул се вели дека меѓу прашањата беше и укинувањето на „силата на Синодалната Писмо од 1686 година, издадено според тогашните околности, со што се дава правото на Московскиот Патријарх да ракополагаат секој Киевска митрополит, избран од црковно-народен собор на неговата епархија и должен да споменува „прво“ името на Вселенскиот патријарх како показател за канонската зависност „. Исто така Вселенската патријаршија повикува „сите вмешани страни да избегнуваат окупации на храмови, манастири и друг имот, како и да се воздржат од секое насилно злосторство … поради владеење на мирот и љубовта Христова“.

Украинската православна црква се отцепи од Москва во 90-тите години на минатиот век, а  Филарет е најважниот поддржувач на нова независна Украинска православна црква.

Московската Патријаршија веќе ги прекина врските со Константинопол во однос на ова прашање, кое го смета за неправедно посегнување врз нејзината духовна територија.

Вчера влијателен свештеник од московската патријаршија стигнал дотаму што да предупредува дека парохијани нема да пренесуваат цркви на нова православна институција доброволно.

„Се разбира, луѓето ќе излезат на улиците и ќе ги заштитат светите места за нив“, беше цитиран од руски агенции Иларион, епископ задолжен за дипломатијата во Патријаршијата, а се наоѓа на религиозен конгрес во Казахстан ..

Украина и Русија се на нож од 2014 година, кога улични протести во Киев за украинска интеграција со Европа го поттикнаа протерувањето на промосковскиот Виктор Јанукович. Подоцна во текот на оваа година Русија го анектираше Крим и ги поддржи бунтовници кои изградија две непризнаени од никој отцепени региони во богатиот со минерали истояен регион на Украина. Конфликтот продолжува и до ден-денес.

Украинските власти и многу верници се претпазливи поради влијанието на Кирил, кој ја поддржа анексијата на Крим и неговото отцепување од Украина, како и сепаратистите во источниот дел на земјата.

Руската православна црква ја определи одлуката на Вселенската патријаршија како „катастрофална.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO