Основните барања на Белград во планот, кој српската страна испрати до европските посредници во дијалогот со Приштина, обезбедува гаранции на Српската православна црква (СПЦ), дека има право да располага со целиот свој движен и недвижен имот и неограничен период да се задржи правниот режим за заштита на 44 згради, кои претставуваат посебни зони на српската култура и наследство, како и ставот на СПЦ да биде признаена во Косово, пишува српскиот весник „Новости“.

Во текстот се наведува дека во специјалните заштитени зони на српско наследство спаѓаат манастирите во Високи Дечани, во Грачаница, Печката патријаршија, како и други храмови и цркви во Гњилане, Штрпце, Србица, Клина, Ораховац.

Тука спаѓаат и средновековен мост Воиновиќ во Вучитрн, споменикот во Газиместан, тврдината Звечан, средновековниот град Ново Брдо и други.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO