Опозициската партија Социјалистичко движење за интеграција (СДИ), која е трета по големина политичка партија во Албанија, му се закани на албанскиот премиер Еди Рама дека „му се изброени деновите, бидејќи е измамник и најомразениот премиер, кој некогаш го имала земјата“.

Партискиот подпресдседател и координатор на парламентарната група на СДИ, Петрит Васили упати остри зборови кон Рама, додавајќи дека тој е главниот виновник за сегашната ситуација во која се наоѓа земјата.

Според него последните настани покажуваат дека обвинителството и полицијата „се на дното и се понижени како институции“, бидејќи работат по наредба на Рама.

Васили рече дека премиерот Рама „изградил модел на измамници“.

„Без достоинство, измамник, будала – тоа е Рама“, заклучи Васили, цитиран од МИА.

„Во знак на почит кон себе, не ги слушајте неговите идиотски лаги и на идиотите кои треба да си заминат заедно со него“, се обрна Васили кон албанските граѓани.

Друг член на СДИ Моника Круемади изјави дека земјата се наоѓа во многу тешка економска и политичка ситуација, за што, според неа, главен виновник е премиерот Еди Рама. „Затоа единствениот пат на опозицијата е искоренување на криминалниот режим“, рече таа.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO