Американскиот заменик-државен секретар Џон Саливен се сретна со грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, во Вашингтон. За време на состанокот тие, како што соопшти Стејт департментот, разговарале за стратешката важност на источниот медитерански регион и се заложија за натамошно зајакнување на одбранбената и безбедносната соработка меѓу Грција и САД.

Заменик-секретарот Саливан ги пофали придонесите на Грција како НАТО сојузник и нејзината улога како столб на стабилност во регионот. Конечно, двајцата официјални претставници го поздравија стартот на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција во декември годинава.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO