Шест економии на Западен Балкан отворија преговори за взаемно признавање на стручните квалификации на докторите по медицина, стоматолозите, архитектите и градежните инженери, соопшти Советот за регионална соработка. Главните преговарачи вчера одржаа прв состанок во Брисел, по иницијатива на Советот.

Очекуваниот исход од преговорите е склучување договори за взаемно признавање, со кои ќе се утврдат заедничките правила за призавање на стручните квалификации на подносителите на барања, кои поседуваат стручна квалификација добиена во една од економиите на Западен Балкан, со што ќе се овозможи пристап и вршење на професијата во друга економија.

Преговорите и очекуваниот Договор за взаемно признавање на стручните квалификации се дел од Вишеградскиот акционен план за регионален економски простор (МАП РЕА), кој премиерите од регионот го усвоија мината година во Траст, се наведува во соопштението на Советот за регионална соработка.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO