
На 12 октомври 2018 г. од 18.00 часот во литературниот клуб „Перото“ во НДК (Софија) Бугарскиот културен клуб Скопје (БККС) и Фондацијата „Татковина“ организираат „Бугарско-македонска културна средба“.
На средбата ќе учествуваат истакнати културни личности од двете земји. Тие ќе разговараат за состојбата на нашите културни врски и ќе ги споделат своите препораки и идеи за нивниот развој и зајакнување. Ќе биде формиран совет за културна соработка помеѓу Бугарија и Македонија и ќе биде усвоена Декларација за неопходноста од засилување и заздравување на духовните и културните врски меѓу Бугарија и Македонија.
За време на средбата ќе има изложба на графика од групата „PRINTNEST“ – творците од Софија и Охрид Зоран Мише, Павел Целкоски, Васил Ангелов, Иван Матеев и Горан Тричкоски. Ќе биде претставена книгата „Паника во музејот“ на писателот Иван Шопов од Скопје, претставување на ʺSPAM STUDIOSʺ- режисерот Ана Батева и композиторот Стефан Здравески, родум од Македонија кои творат во Бугарија, како и зборникот и 2CD „Бугарски народни песни од Македонија“ собрани од Коста Црнушанов.
