ВМРО-ДПМНЕ би можела да биде исклучена од своето европско семејство доколку продоложи да се однесува неконструктивно кон Преспанскиот Договор, брифирале членови на Европската народна партија, соопшти Радио Слободна Европа.

Европската народна партија, е најголемата и највлијателната политичка група во Европската Унија, во неа членуваат речиси сите демохристијански партии од земјите членки на ЕУ и земјите кандидати. Извори во оваа партија за МИА тврделе дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ предизвикала голем гнев кај највисоките челници на Европската народна партија.

Во неделата, претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол, телефонски разговарал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дознава МИА. Дол на “крајно недипломатски и на строг начин“ го предупредил Мицкоски дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не дозволи демократска дебата за усвојувањето на Преспанскиот Договор, партијата“ ќе мора целосно да ја сноси одговорноста за сите последици со кои ќе се соочи земјата“.

Дипломатите во Брисел стравуваат дека без преспанскиот договор, Македонија ќе биде изолирана, политички и економски и дека со соочува со сериозен ризик од демократско назадување. Челници на Европската народна партија му ставиле до знаење на Мицкоски дека една од можните последици со кои се соочува ВМРО-ДПМНЕ е исклучување од редовите на нивното европско семејство.

Еврокомесарот Јоханес Хан, кој е исто така од редовите на оваа групација, вчера во интервју за австрискиот весник „Стандард“ изрази загриженост за информациите дека ВМРО-ДПМНЕ ги заплашува и им се заканува на пратениците кои би сакале да гласаат за уставните амандмани.

Членовите на Европската народна партија одбиваат јавно да коментираат, единствена реакција беше твит на претседателот Дол во понеделникот вечер во кој тој изрази разочарување за неконструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Според изворите на МИА во Европската народна партија, Мицкоски не влегол во конфликт со групацијата на народни партии, но бил целосно затворен и “длабоко заробен“, велат од оваа партија. Ниту пораките од Европската народна партија, ниту оние на Ангела Меркел или Себастијан Курц немале никаков ефект врз лидерот на најголемата опозициска партија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO