Промени во тренерскиот штаб на Баерн Минхен во скоро време не се исклучени, соопштува Bild. Според извори на весникот, раководството на баварскиот клуб веќе бара заменик на хрватскиот тренер Нико Ковач по крајно неубедливиот старт на сезоната.

Претседателот на Баерн, Ули Хенес овие денови изјави дека во следните недели не може да се очекува тренерска рокада, но раководителите веќе составиле листа со кандидати за постот, во кој фигурираат тројца Французи, имајќи во предвид дека сите тие се без работа во моментов. Станува збор за Зинедин Зидан, Лорен Блан и Арсен Венгер. Зизу  летово го напушти Реал, Венгер – Арсенал, а Блан за последно работеше во Пари Сен Жермен, на чело на кој беше до 2016 година.

Во трите последни натпревари германскиот гигант забележа нерешен резултат и два порази, како резултат на што падна на шестото место на табелата по седум одиграни кола.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO